Француското Министерство за внатрешни работи објави дека повеќе од 200.000 луѓе вчера вечер се собрале низ целата земја на протести.

Трета недела по ред, граѓаните протестираат против воведувањето на задолжителна санитарна дозвола за влез во некои затворени јавни места.

За вчера во Париз беа планирани четири собири, од кои едниот е организиран од поранешниот екстремно десничарски пратеник во Европскиот парламент, Флоријан Филипо.

Во француската престолнина беа распоредени повеќе од 3.000 полицајци. Меѓу собраните беа претежно семејства со деца.

Санитарната пропусница, кој вклучува доказ за вакцинација, прележана болест или негативен тест за коронавирус, е задолжителен од 21 јули за влез во културни и забавни институции, како што се музеи, театри или кина и каде што не се присутни повеќе од 50 луѓе.

Таа пропусница ќе биде задолжителна во август за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион. Се очекува мерката да биде воведена на 9 август.

Полицијата во Париз вчера употреби солзавец и се судри со демонстрантите, додека илјадници луѓе ширум Франција протестираат трета сабота по ред поради задолжителната здравствена дозвола за многу јавни културни институции и задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Конфликтот во Париз се случи кога полицијата се најде речиси опкружена со маса граѓани, па мораше да употреби солзавец. 3.000 полицајци беа распоредени во близина на Елисејските полиња и на три други локации каде што се одржуваа протести.

Најавени се протести во повеќе од 150 градови, вклучувајќи ги Монпелје, Бордо, Марсеј, Ница и Нант, каде што излезноста е голема, а иста е ситуацијата во француските прекуморски територии.

Од 21 јули, таканаречената санитарна прописница е задолжителна за сите активности или за посета на места со повеќе од 50 учесници, вклучувајќи музеи, театри, кина или ресторани.

На 26 јули, францускиот парламент го усвои законот за воведување на специјални анти ковид пропусници.

Почнувајќи од 9 август, сите граѓани ќе мора да имаат дигитална медицинска дозвола, издадена од владата, за да влезат во кафуле или да користат некаква форма на јавен превоз, како и да патуваат низ Франција.

Тоа значи дека тие ќе треба да докажат дека се целосно вакцинирани, дека имаат негативен PCR тест, не постар од 72 часа, или брз тест, не постар од 48 часа, или дека се опоравиле од ковид.

Задолжителна вакцинација на здравствените работници е пропишана до 15 септември, со суспензија од работа на оние што одбиваат.

Поради претходните масовни протести во јули, владата направи неколку отстапки, како што е намалувањето на казната за кршење на режимот за идентификација, а новите мерки ќе важат од 1 септември, наместо од 1 август, како што беше првично предложено.

Француското министерство за внатрешни работи синоќа објави дека повеќе од 200.000 луѓе се собрале низ целата земја за да протестираат против воведувањето на задолжителната санитарна дозвола за влез во некои затворени јавни места.

Во Париз се собраа 14.250 луѓе, а собирите се одржаа во 150 градови, објави весникот Паризиен на својата веб страница и потсети дека граѓаните протестираат трета сабота по ред. На протестите минатата сабота се собраа 161.000 луѓе, а една недела порано 110.000 луѓе.

На плоштадот во Република Париз, полицијата фрли солзавец за да ги растера демонстрантите што фрлаа со камења и петарди по полицајците . На тој протест, насобраните ја пееја химната Марсељеза.

Парискиот весник објави дека полицијата уапсила неколку демонстранти.

Поголеми собири беа во Тулон, Стразбур, Марсеј, Бордо, Ница, Мец, Нант и Монпелје.

Меѓу Французите кои ги поддржуваат протестите, 65 отсто веруваат дека „наметнувањето на санитарна дозвола дава впечаток дека немаат друг избор“ и дека нивната слобода е загрозена, се резултатите од една анкета.

Според друго истражување на јавното мислење, 62 проценти од Французите ја поддржуваат санитарната дозвола за јавни места, додека 69 проценти веруваат дека вакцинацијата против вирусот корона мора да биде задолжителна за медицинскиот персонал, додаде Паризиен.

Во Франција, 111.855 луѓе починале од коронавирус од почетокот на епидемијата.