Група Бугари кои живеат и работат во општината Мондрагоне, во близина на градот Касерта во јужна Италија, се ставени во карантин бидејќи се сомнева дека се заразени со коронавирус. Бесни заради ова, тие почнале да фрлаат мебел од терасите кон армијата и полицијата.

Затоа лутите локални жители се обиделе да ги уништат нивните возила, пренесува Дејли Меил.
Претходно, овие бугарски работници се обиделе да избегаат од црвената ковид зона, па властите на терен ги испратија армијата и полицијата за да ја смират ситуацијата.

Седумстотини Бугари кои работат во овој италијански град се во карантин од понеделникот.


Напишете коментар