Повеќе од 300 луѓе излегоа на протест во Малме, на југот на Шведска, по акцијата на екстремно десничарски активисти кои го запалија Куранот, соопшти денеска полицијата.

Немирите на протестантите започнаа доцна синоќа откако тие запалија оган и со разни предмети фрлаа кон полицијата и припадниците на спасувачките служби. Неколку полицајци беа полесно повредени, а околу 15 лица беа приведени.

Насилството уследи по палењето на Куранот вчера попладне во близина на населби населени претежно со мигранти.

Палењето на Куранот го правеа екстремно десничарски активисти, снимени и објавени на Интернет, јавува новинската агенција ТТ.

Дневниот весник „Афтонбладет“ објави дека вчера имало неколку антиисламски активности во Малме, вклучувајќи и тројца мажи кои меѓу себе едни на други го шутирале Куранот на јавен плоштад.

Полицијата соопшти дека тројцата биле уапсени под сомнение за поттикнување омраза кон една етничка група.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *