Во Приштина денес беше прекината прес-конференцијата на претседателката на Специјализираните совети на Косово, Екатерина Трендафилова.

Имено, пред неа се појавија две лица и почнаа со свирчиња да прават галама, пишува Б92.

Во пресрет на конференцијата, беа организирани протести пред судот, а демонстрантите ја обвинија Трендафилова дека се обидува да ја промени историјата на Косово, пренесува Коха.

Демонстрантите извикуваа пароли пред судот против Трендафилова и Специјалниот суд и носеа транспаренти на кои пишуваше дека нема етнички злосторства на Косово и затоа не може да им се суди.

Срамота е што ги заштитувате злосторствата извршени од Србија, пишуваше на еден од транспарентите, објави Б92.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Моличај, беше уапсен заедно со пет активисти на оваа партија, откако на кратко ја прекина прес-конференцијата на претседателката на Специјалниот суд, Екатерина Трендафилова, во Приштина, пренесуваат Репортери. Веста за апсењето ја потврди портпаролката на СДП, Натира Кучи.

Говорот на претседателката на Специјализираните совети, Екатерина Трендафилова, денеска беше прекинат во Приштина со свирежи на активисти на СДП. Демонстрантите рекоа дека Трендафилова е претседател на неправеден суд и дека нејзиниот говор не треба да помине во тишина.

Трендафилова, сепак, рече дека не ги разбира демонстрантите бидејќи не знае албански.

Претседателката на Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг, Екатерина Трендафилова и секретарката на тој суд, Фиделма Донлон, пристигнаа во посета на Косово, и според најавите, денеска и утре ќе разговараат со претставници на граѓанското општество и медиумите во Приштина и Северна Митровица.