Словенечката полиција употреби водени топови против група демонстранти, кои ја гаѓаа полицијата со камења и пиротехника.

Демонстрантите, неколку десетици од нив, се собраа во знак на протест против владините мерки, затоа што сметаат дека пандемијата на коронарниот вирус е дел од „светски заговор“.

Хеликоптериго надлетуваат центарот на Љубљана.

Според порталот 24ur.com, собирите се случиле на повеќе локации во Љубљана, а полицијата користела водени топови на улицата Словенска.