Антивладините протести во Софија доцна синоќа излегоа надвор од контрола. Како што јавуваат бугарските медиуми, насобраната маса луѓе пред зградата на Народното собрание фрлила повеќе шок бомби кон полицијата.

Демонстрантите бараат оставка од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, оставка на Владата и на државниот обвинител Иван Гешев.

Вчера беше 56-от ден како се протестира во Софија.

Во протестите се повредени 100 припадници на полицијата, а мораше да интервенира брзата помош. Тие беа повредени од бомбите и предметите кои демонстрантите ги фрлаа кон нив.

Главниот Секретар на Министерствотоза внатрешни работи Ивајло Иванов кратко ја коментираше ескалацијата на протестите: Бараат крв, подготвени се, знаеме кој ги организира.

Ситуацијата е на чекор да излезе од контрола. Вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов околу полноќ имаше драматично обраќање преку социјалните мрњжи.

Во текот на целиот ден, бевме сведоци на организирани, намерни и неиспровоцирани напади врз полицијата. Целта беше да има крв и жртви. Вечерва полицијата, без да предизвика ништо, повторно беше нападната со бомби, ракети, бетонски плочи , со една јасна цел – да има крварење на протестите.

Како Бугарин и како вицепремиер за безбедност, цврсто стојам зад постапките на бугарската полиција во врска со мерките за ограничување на провокаторите.

Ова го напиша лидерот на ВМРО БНД и вицепремиер Красимир Каракачанов на Фејсбук.

Го повикувам бугарскиот премиер да застане зад постапките на полицијата и да ги нареди неопходните законски мерки за воспоставување ред во земјата. Го повикувам бугарскиот претседател, ако не како претседател, тогаш барем како бугарски офицер да ја заштити полицијата, која е подложена на невиден терор, од платени групи луѓе кои немаат никаква врска со протестите на нормалните бугарски граѓани, рече Каракачанов.

Politico во својата анализа пишува: Владата на Бојко Борисов се соочува со голем тест, кога во Бугарија се одржуваат масовни протести во фонот на корупциската криза, која почнува да предизвикува немири во Берлин и Брисел.

Демонстрантите сакаат да ги радикализираат протестите нарекувајќи ги “Големото народно востание“ против Борисов. Политичарот е поранешен пожарникар и телохранител лојален на Европската народна партија, политичко семејство од десниот центар, во кое спаѓаат демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува Politico.

https://www.vbox7.com/play:87d929b1fb?pos=relline

https://nova.bg/galleries/view/2020/09/02/11302/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B2-%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%8F/179103/?fbclid=IwAR3aUU-NbHuhGepfmpd1QSexSThqIgL5o6z1aQOFc1iBKHxat7cnNrz2zZI


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *