Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот демократски противкандидат, поранешниот Потпретседател Џо Бајден го имаа првото јавно соочување. Првата претседателска ТВ дебата се одржува пет недели пред претседателските избори во Америка, кои се закажани за 3 ноември.

Првата дебата била хаотична пренесуваат медиумите, Бајден го нарекол Трамп кловн, расиста и пион на Путин, а Трамп пак на Бајден му упатил серија од навредливи коментари на сметка на неговото семејство. Дебатата ја одбележале чести прекинувања и упаѓања во збор и многу меѓусебни обвинувања.

Кандидатите на првиот дуел дебатираа за пандемијата поради коронавирусот, економијата, Врховниот суд…

ТВ дуелот ја покажал целата поделеност во американското општество. Дебетата е одржана во Кливленд во Охајо, а модератор на дебатата, која според проценките ја следеле околу 100 милиони Американци, бил новинарот од кабелската мрежа „Фокс Њуз“ Крис Валас.

Двајцата противкандидати поради почитувањето на социјалната дистанца не се ракуваа пред ТВ дуелот, кој бил многу „жесток“ и според оценката на коментаторите станал најхаотичната дебата во новата историја на Америка, пренесуваат дел од медиумите.

За време на дебатирањето Трамп и Бајден често се надвикувале, се прекинувале , а водителот имал многу проблеми да воспостави ред .