Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен премиер на Република Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не очекува меѓусебно признавање на Белград и Приштина на средбата во Вашингтон.

Тешко е да се поверува дека меѓусебното признавање ќе се постигне за време на претстојниот дијалог меѓу Белград и Приштина во Вашингтон, но ќе има “голем политички напредок “во односите меѓу двете страни, тврди Харадинај.

Тој за приштинската телевизија Т7 рече дека сите лидери на косовската владејачка коалиција се состанале и детално разговарале за тоа што ја чека приштинската делегација на состанокот во Вашингтон на 4 септември.

За Заедница на српски општини во Северно Косово нема да се дискутира во Вашингтон. Исто така е многу тешко да се поверува дека ќе се постигне признавање. Но, ќе има политички напредок, рече Харадинај.

Според него, Белата куќа ќе побара поголем напредок во дијалогот од Европската унија, објави Косово онлајн.

Европската унија се плаши дека Белата куќа ќе инсистира на конечен договор, но тоа нема да се постигне. Ќе има голем напредок во меѓусебните односи. Главно ќе се дискутира за економски прашања”, додаде Харадинај.

Анимозитетот што постои помеѓу Германија и Америка сега влегува во една од најдинамичните фази и се претвори во еден вид одмерување на силите преку прашањето за Косово, односно Србија.

Германија, односно Ангела Меркел, за која ова е последната важна политичка функција од глобални размери, претседава со Европската унија и сака да ја потврди надлежноста на ЕУ, а на некој начин и на Германија како водечка држава, за косовското прашање. Нема да дозволи ова прашање да премине во рацете на големите сили, без влијание на ЕУ, но пред се на Германија. За Германија, ова е прашањето што треба да ја потврди како сила што има глобално значење.

Германија не се согласува со поделба на Косово и тоа ја загрижува српската страна.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *