Воените ветерани на УЧК ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Спроведените истраги ги потврдија обвинувањата кон лидерот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати и Насим Харадинај, а истите може да доведат до осудителна пресуда, рече обвинителскиот тим на статусната конференцијата на Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг во петокот.

Двајцата се товарат за кривични дела против правосудството, заплашување на сведоци, одмазда и кршење на тајноста на податоците, бидејќи тие и доставиле на јавноста доверливи документи од истрагата, што им ги „донел“ непознато лице.

Имињата на сведоците беа исто така во досиејата, па затоа беа загрозени. Одбраната на Харадинај тврди дека Специјалното обвинителство не ја сфатило сериозно истрагата за објавената информација.

Гуцати и Харадинај беа уапсени на 25 септември 2020 година во Приштина и беа префрлени во единицата за притвор во Хаг.