Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај, рече дека Косово направило голем чекор напред со договорот во Вашингтон.

Тој да се надева дека по меѓусебното признавање со Израел, и Ватикан ќе ги признае приштинските институции, пренесуваат косовските медиуми.

Улогата на Ватикан е многу голема во Приштина. Во едно интервју за српските медиуми самиот Харадинај призна дека неговото семејство има стара католичка традиција.

Харадинај, исто така, изјави дека очекува Европската унија да ја покаже истата посветеност и сериозност, „со цел да се олесни процесот на признавање на Косово од државите членки на ЕУ”.

Нашите молитви се исто така упатени и до папата Франциско, со надеж дека Светата столица наскоро ќе го признае нашето Косово како независна и суверена држава, вели Харадинај.

Со договорите потпишани од Белград и Приштина во Белата куќа, двете страни се обврзаа дека, меѓу другото, Косово нема да бара членство во меѓународни организации во рок од една година, додека Србија нема да испраќа барања до државите или меѓународните организации да не го признаваат Косово, односно дека Белград ќе ја суспендира кампањата за повлекување на признавањата на Косово.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *