Коментирајќи го нон-пејперот, лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај, го предупреди Албин Курти дека може да се соочи со протести и немири.

Како што рече, тоа ќе се случи ако тој дозволи формирање на автономната област Северно Косово.

Харадинај рече дека не верува дека Курти ќе дозволи такво нешто, но тој му порача дека тоа може да предизвика многу проблеми, доколку влезе во таа игра, пренесуваат Репортери.

Не верувам дека тоа ќе се случи. Не верувам дека Курти ќе дозволи да му се нанесе таква штета на Косово. Ова може да донесе немири на Косово. На Косово ќе има немири. Верувам дека Курти е свесен за ситуацијата и нема да си дозволи да оди по погрешен пат, изјави Харадинај за Фронт онлајн, а пренесува Косово онлајн.

Тој исто така рече дека ако се формира автономна област на север, како што е наведено во нон-пејперот кој се однесува на решавање на прашањето на Косово, тој ќе излезе на улица и ќе протестира против штетните договори.