Фолк пејачот Харис Џиновиќ несака да ризикува на опасноста од корона вирус, и два месеца одбива секаков повик да настапува.

Тој е со семејството, а неговата жена Мелина открива што се случува и зошто Џиновиќ престанал да пее.

– Искрено да ви кажам, кај нас ништо не се случува. Хари не работи, нема повеќе да пее. Страшно е уплашен поради корона, и да не се зарази, не излегува од дома, не мрда никаде. Сега сме фокусирани во изградбата на новата куќа. Тука има илајада детали и ситници, сега имаме доволно врме се да средиме по наша желба. Толку многу не прозиваат за таа куќа и постјано ја сликаат, но ќе ја завршиме кога ние ќе сакаме – рекла Мелина и се осврнала на својата работа врзана за линија на ексклузивни фустани:

– Моите фустани се продаваат секаде во светот во 64 бутици, но сега е хаос секаде. Нема свечености, раскошни веселби, гала вечери… Се застана. Не кукам, знам дека модата ќе се врати во живот, но којзнае кога. Требаше да се одржи Недела на мода онлајн, но тоа не успеа, не е тоа тоа.