Претседателот на Косово, Хашим Тачи, е лично одговорен за најмалку 87 убиства на Србите, но и на Албанците кои се спротивставија на ОВК!

Тоа го тврдат хашките обвинители во обвинението против Тачи, а во кое, покрај него, обвинети се и Кадри Весели, Азем Сила, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Според наводите на обвинителите, што делумно беше објавено вчера, Тачи и неговите соборци се виновни за убиство, мачење и нехуман третирање на Србите и Албанците, кои ОВК ги прогласи „за соработници на Србија или предавници“. Жртвите беа брутално измачувани, а потоа убиени во импровизирани притвори низ Косово.

Обвинението против Тачи и неговите соработници, кое судот за ОВК сè уште не го потврди или отфрли, има вкупно 260 страници и, според обвинителите, е солидна основа за обвинение. Ова хашко досие беше завршено во декември 2019 година и претставува резиме на околностите на наводните злосторства, во кои има 87 жртви.

Документацијата се фокусира на злосторства за тортура и нехуман третман на оние кои ОВК ги прогласи за соработници на Србија или предавници кои беа против вооруженото ослободување на Косово. Се наведува постоење на произволни притвори со нехумани услови во нив.

Од анализата на собраните докази, специјалните обвинители велат дека потенцијално би можеле да обвинат пет лица и тоа: Азем Сила, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, пишува порталот на албанската телевизија Топ ченал, кој исто така го објави обвинението.

Обвинителите нагласуваат дека имаат многу докази за обвинение.

Постојат релативно ограничени докази за директна вмешаност на оние кои потенцијално може да бидат обвинети за кривични дела. Иако доказите се ограничени, на обвинетите ќе им биде тешко да го негираат своето незнаење за притворските простории, велат обвинителите во записите.

Инаку, обвинението против Тачи и другите беше објавено среде аферата, „протекување документи“, во која најмалку 4.000 додиеја со документација од Хашкото обвинителство завршија во рацете на здружението на воени ветерани на ОВК. Експертите се убедени дека тоа не е случајно, додека хашките обвинители се закануваат дека ќе го гонат секој што ќе го открие идентитетот на потенцијалните сведоци.

Коментирајќи ги овие наводи, обвинителот на Судот за злосторства на ОВК, Џек Смит, предупредува дека здружението на воени ветерани на ОВК се обидува да го наруши „спроведувањето на правдата“.

Секое учество во споделување на такви информации може да биде кривично дело. Ние сме посветени на истрага и гонење на лица кои сториле такви злосторства, вклучително и откривање на идентитет на лица кои би можеле да бидат повикани на суд или каква било информација што може да доведе до нивно идентификување, посочува Смит.