Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по денешното шест часовно испрашување во просториите на Специјализираните Совет и Обвинителство во Хаг, изјави дека цело време ги слушал техничките прашања поставени од претставниците на Обвинителството и неговиот законски застапник. Тачи најави дека неговото испитување продолжува утре.

Тачи, кој е сослушуван во Хаг на покана на специјализираниот обвинител во врска со обвинението за воени злосторства во Косово и Метохија, не даде други детали, пренесуваат медиумите.

Пред да влезе во судницата, Тачи рече дека „се борел за независно и слободно Косово, засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото и дека е подготвен да се соочи со нови предизвици и триумфи за неговиот син, семејство, луѓе и нивната земја “, објавија приштинските медиуми.

Никој не може да ја преработи историјата. Ова е цената на слободата. Верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е успешна приказна и јас сум многу горд на тоа. Дестинација на Косово е членство во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со САД, рече Тачи.

Приштинските медиуми објавија дека неколку десетици Албанци го чекале пред седиштето на судот, протестирајќи против обвинението, кое го товари не само Тачи туку и лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) и поранешниот претседател на Собранието Кадри Весели.

Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата надлежен да го разгледа и да донесе решение за негова потврда, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни.

Според изјавата на обвинителот, Тачи, Весели и други осомничени од обвинението се товарат за скоро 100 убиства.

Жртви на злосторствата во обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, вклучувајќи косовски Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.

Во декември 2011 година, швајцарскиот сенатор Дик Марти, известувач на Советот на Европа, објави извештај во кој се наведуваат неколку поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово, кои биле вклучени во воени злосторства.

Косовското собрание го донесе законот за формирање на Специјализираниот Совет и Обвинителство во август 2015 година.

Нивното седиште беше преместено во Хаг заради безбедноста на жртвите и сведоците во истражните постапки.


Напишете коментар