Хеликоптер кој доставуваше срце за трансплантација во болница во источен Лос Анџелес се урна на покривот на болницата, но хаосот не запре тука.

Откако срцето било спасено, лекарот паднал на земја пред успешно да му биде пресаден на пациентот.

За среќа, двајца патници од хеликоптерот и пилотот не се повредени.

Драматичното видео покажува како медицински хеликоптер се врти неконтролирано непосредно пред да се спушти на покривот.

Хеликоптерот слета на хелиодромот и се преврте настрана пред да запре на работ на покривот, пишува Дејли меил. Болницата потврди дека никој од персоналот кој го поздравил срцето не е повреден.

Пожарникарите брзо работеа на спасување на срцето, па со тешка опрема се обидоа да го исечат металот и да го извадат срцето. Тие успеале да го предадат на медицински работник кој сакал што побрзо да го преземе.

Сепак, тој се сопна во брзината и срцето падна на земја. За среќа, немаше оштетување на органот, па подоцна беше успешно трансплантиран.