Фудбалерите на Милан дојдоа до многу значајна победа на гости кај Атлетико Мадрид со резлутат од 1:0, во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите и со тоа дојдоа до важни бодови во борбата за пласман во следната рунда. 

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жуниор Месијас, резервен играч кој имаше можност да влезе во игра во 65. минута од натпреварот, а мрежата на противникот ја затресе во 87. минута од натпреварот. Со тој гол росонерите стигнаа до првата победа во Лигата на шампионите сезонава, и останаа во борба за пласман во осминафиналето. 

Милан моментално е на третата позиција во групата Б со бод помалку од второпласираниот Порто, додека четвртопласираниот Атлетико Мадрид исто така има четири бода. 

Сепак, интересна е приказната за бразилскиот напаѓач. Имено, пред само три години Месијас во четвртата лига во италијанскиот фудбал. Додека играше аматерски фудбал превезуваше фрижидери и други апарати за домаќинство, а вечерва како 30-годишник го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите а воедно можеби и најзначаен во оваа групна фаза за екипата од Италија.