Координаторот на Приштина за дијалог со Белград, Скендер Хисени, оцени дека договорот ќе биде постигнат за 12 месеци и дека во тој период ќе има или меѓусебно признавање или процесот целосно ќе пропадне.

Не станува збор за години, туку за месеци. Очекуваме договор со заемно признавање во рок од 12 месеци или целиот овој процес ќе пропадне. Сите фактори на меѓународно ниво, зборуваат за моментот што Косово и Србија мора да го искористат за да напредуваат. Не знам дали тоа го сфати Србија, но ако има намера да се интегрира во ЕУ, би требало тоа да знае, рече Хисени како гостин на ТВ Клан Косово.

Тој додаде дека ќе инсистира на интензивни разговори во координација со ЕУ, Соединетите држави и Париз.

Тој изјави дека доколку не се постигне внатрешно политичко единство за дијалог, Косово би можело да изгуби уште десет години.

Хисени оцени дека ова сценарио „се заканува дека ќе го однесе Косово кај земјите кои имаат недовршен статус, како што е случајот со Палестина, пренесуваат косовските медиуми.

Тој негираше дека има гласови во владејачката коалиција кои се противеле на неговото назначување за координатор за дијалог меѓу Приштина и Белград.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *