Основачот на компанијата Space X, Илон Маск, пред неколку денови имаше своја он-лајн презентација, а на почетокот на истата присуствуваше и неговиот 18-месечен син X-A-12.

Маск ја сподели веста за проектот Starship – вселенско летало што ќе може целосно да се користи, додека зборуваше виртуелно во Националната академија на науки, инженерство и медицина, но токму, како што често го нарекуваат Baby X го украде моментот со својата харизматична личност.

X-A-12, чија мајка е музичарката Грајмс, остави незаборавен впечаток за време на неговото кратко појавување пред камера, велејќи – Здраво, и мавтајќи со рацете.

Откако бебето сфати дека тој е ѕвездата на он-лајн средбата на мрежата Зум, се изненадило, непосредно пред некој да влезе во собата и да го одведе.

Маск и Канадската пејачка (33) го добија своето прво дете заедно во мај 2020 година. Два месеци подоцна, сопственикот на компанијата Тесла зборуваше за родителството, признавајќи дека Грајмс имала попрактична улога во раните месеци од животот на нивниот син.

Па, бебињата само јадат, знаеш ? Нема многу што можам да направам во моментов. Грајмс моментално има многу поголема улога од мене. Кога детето ќе порасне, ќе има повеќе работа за мене, изјави најбогатитот човек на планетата.