Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борељ, во вторник на работна вечера, ќе разговара за „целокупната политичка состојба во регионот“ со водачите од Западен Балкан.

Вчера, по темелната дискусија на министрите за надворешни работи на ЕУ за односите со Западен Балкан, Борељ најави пристигнување на лидерите од регионот на вечера во Брисел и посочи дека „Западен Балкан е голем геополитички проблем“.

Извори од Брисел изјавија дека, говорејќи за средбата со лидерите во регионот, високиот претставник на ЕУ посочи дека врските меѓу Унијата и Западен Балкан не се однесуваат само на процесот за влез во ЕУ.

Пристапувањето кон членството е дел од ситуацијата, дел од проблемот и дел од решението, но има и други проблеми поврзани со Западен Балкан, пошироко од регионот, од таа област и надвор од неа, без оглед на постапката за пристапување, објасни Борељ.

Треба да гледаме на Западен Балкан и во геополитичка перспектива, забележа високиот претставник на ЕУ, додавајќи „тоа ќе го сториме следната недела со водачите од Западен Балкан“.

Им реков на министрите: Гледате, ние во основа се согласивме за принципите и се надевам дека сега ќе подготвите конкретни предлози за да можеме да одиме напред, рече тој.

Заврши со зборовите: Ние нема да стоиме две години повторно без да го ставиме Западен Балкан на дневен ред, ниту пак два месеци.