Холандскиот премиер Марк Руте не ја видел својата тешко болна мајка во неделите пред да почине бидејќи ја почитувал забраната за посети на старечките домови воведена поради коронавирусот, соопштија од неговиот кабинет.

Руте вчера потврди дека неговата 96-годишна мајка починала на 13 мај во старечки дом во Хаг, речиси два месеца откако владата ги затвори за јавност сите вакви институции.

„Премиерот се придржуваше до сите наредби“, изјави неговиот портпарол.

Мајката на Руте не починала од КОВИД-19, иако во старечкиот дом во кој што живеела имало случаи на коронавирус, објавија холандските медиуми.

Холандија воведе таканаречен „интелигентен карантин“ поради коронавирусот, со не така строги рестрикции како останатите европски земји. Во земјата досега има над 45.000 заразени и 5.830 починати од КОВИД-19.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *