Денеска попладне вооружен маж со пиштол ја ограбил Уни банка во Крушево. Грабежот се случил околу 16 часот, откако непознато лице во работничка облека и маскирано, со закана со пиштол одзело пари од вработените во банката. Нема потврда дали пиштолот бил вистински.

Во моментот на влагувањето на маскираниот, имало тројца вработени, кои под закана го отвориле банкарскиот сеф. Откако ги зел парите од сефот, ги затворил вработените во една просторија од банката и избегал. Не се знае колку точно пари имало во сефот.

Крим техника и обинител вршат увид во банката. Повеќе информации МВР најави за утре.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *