Николина Пишек и нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, како што тврди водителката, беа исфрлени од вилата на Брач, која ја изнајмиле на 14 дена за 20.000 евра, пишува српски „Блиц“.

Сопственикот на вилата по инцидентот рекол дека му ја „уништувале куќата“, по што Николина на хрватскиот портал „Далматински портал“ доставила снимки снимени таа ноќ на кои се гледа во каква состојба е вилата.

– Сме ја уништувале куќата? Еве тука се видеоснимките па можете да видите како изгледа ентериерот на вилата. Веројатно така сака да ја оправда разбојничката кражба со која сме оштетени за 270.000 евра – готовина и скапоцености што ни се земени од вилата. Тврдам дека сè е исценирано за да дојде до вредни работи и пари, а се сомневаме дека и агенцијата била замешана во тоа – вели Николина, алудирајќи на сопственикот на вилата.

– Жената која требаше да ни биде на располагање 24 часа на ден, ниту еднаш не се јави, а и сопственикот на агенцијата со тешка мака го добивавме. Сопственикот многу добро беше запознаен што имаме со нас затоа што секој ден доаѓаше во вилата, што е исклучително невообичаено и несоодветно, па затоа се пожаливме на сопственикот на агенцијата кој ни рече дека е малку специфичен изнајмувач и дека го смириле, што и да им значеше тоа. Покрај тоа, ентериерот и надворешноста се опфатени со видеонадзор – продолжила таа.

Николина и Видое наводно останале без работи во вредност меѓу 275.000 и 300.000 евра.
Водителката навела дека станува збор за следните работи:

Пари – (65.000 до 68.000 евра)

Машки часовник Custos – (18.000 евра)


Напишете коментар