Американката родена во Кина, Лили Луо (34), ќерка на тајкун за недвижнини, наводно скокнала гола од пентхаус во Хонг Конг, држејќи во рацете петмесечно бебе, пренесуваат тамошните медиуми.

Според локалните медиуми, таа и нејзината ќерка Ајер починале на лице место . Полицијата соопшти дека со обдукцијата ќе се утврдат причините за смртта на жената и нејзиното бебе.

Властите истражуваат дали жената, за која локалните медиуми тврдат дека е ќерка на тајкунот Лин Луо, претседател на кинеската компанија за недвижнини, наводно страдала од постпартална депресија.

  • Таа и бебето беа прогласени за мртви на самото место. Првичната истрага утврди дека тие паднале – навела полицијата во извештајот, како што пренесува „News.com.au“, повикувајќи се на „Дејли меил“.