Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела – силување.

– Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото, соопшти Јавното обвинителство.


Напишете коментар