Познатата рок и поп дива на поранешна СФРЈ Александра Слаѓана Милошевиќ е хоспитализирана во Ургентниот центар во Белград.

Според информациите на редакцијата Ексклузива на ТВ Прва, таа имала внатрешно крварење и се наведува дека нејзината состојба е загрижувачка.

Таа доби итна медицинска помош, по што лекарите решија да ја задржат во болница, бидејќи нејзината состојба нагло се влошила.

Имено, таа се разболе вчера и беше вратена на хирургија.

Иако сè уште нема официјални информации зошто таа се лекува во болницата, но познато е дека не станува збор за коронавирус.