Од утре на полноќ во Хрватска, стапуваат на сила новите рестриктивни и поригорозни мерки, со цел намалување на трансмисијата на корона вирусот во земјата.

Генерално, како што пишуваат хрватските медиуми, новите мерки се однесуваат на затворањето на сите кафулиња и ресторани, а ќе бидат на сила до 25.декември, односно до Божик. Така е одлучено на состанокот меѓу началникот на Националниот кризен штаб и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.  

Ваков чекор, здравствените власти на Хрватска преземаат со образложение дека кафулињата, баровите, практично се претвораат во диско клубови-Аргументот е дека тие се претвораат во диско клубови. Сепак, рестораните ќе можат да организираат достава 24 часа за граѓаните, но привремено се затвораат свадбените веселби.

Во Хрватска со работа продолжуваат продавниците и трговските центри, како и хотелите, но нивните ресторани ќе бидат отворени за гостите во хотелот. Кината и театрите исто така продолжуваат со работа според досегашните утврдени протоколи во Хрватска.