Хрватските граѓани од денеска можат да патуваат во САД без виза, само со регистрација во системот за електронска дозвола за патување (ЕСТА) за туристички и деловни патувања во време траење од 90 дена, соопшти во саботата американската амбасада во Загреб.

Веста беше објавена од страна на Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница.

Od danas u Ameriku bez vize!

Došao je taj dan! 🇭🇷 Čestitke Hrvatskoj na službenom pridruživanju Programu izuzeća od viza. Ako planirate u Sjedinjene Američke Države poslovno ili turistički, prije putovanja potrebno je ispuniti ESTA prijavnicu na https://esta.cbp.dhs.gov/ i to je to! Detaljne upute i sve informacije donosimo u našem "U Ameriku bez vize" talk showu. Pogledajte video. Odgovore na najčešće postavljena pitanja pronađite ovdje: https://bit.ly/3m3VHovPlanirate uskoro na neko putovanje u SAD? 🇺🇸

Posted by U.S. Embassy Zagreb on Friday, October 22, 2021

Дојде тој ден ! Честитки за Хрватска за официјалното приклучување кон Програмата за ослободување од виза. Доколку планирате да одите во САД за деловна работа или посета како туристи, потребно е да го пополните формуларот на апликација ESTA на страницата која стои во линкот пред да патувате и тоа е тоа ! – стоеше во веста која беше споделена на официјалната фејсбук страна на американската амбасада во Загреб.

Ви носиме детални инструкции и сите информации кои ви се потребни можете да ги погледнете во нашето ток-шоу „Во Америка без виза“. Одвојте некоја минута, погледнете го видеото и најдете ги одговорите на најчесто поставуваните прашања, – стоеше во изјавата на фејсбук.

Го славиме партнерството меѓу САД и Хрватска, денес како и секогаш, изјави Дру Гиблин, советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во видеото објавено на Фејсбук страницата на амбасадата.

Им честитаме на Хрватска за приклучувањето кон Програмата за укинување на визите, изјави Ешли Инман, конзул во американската амбасада.

А на оваа тема свое мислење даде и министерот Божиновиќ.

Хрватските граѓани можат да патуваат во САД без виза само со регистрација преку Електронскиот систем за овластување на патување (ЕСТА). Поминавме низ долг процес, моравме да исполниме многу тешки критериуми. Ова е важно достигнување за доброто на нашите граѓани и исполнувањето на програмското ветување на владата на нашата држава, стои во фејсбук статусот на министерот.

Хрватска влезе во Програмата за укинување на визите (VWP), сеопфатно и безбедносно партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и државите учеснички, што дозволува патување во САД за деловни или туристички цели до 90 дена, истовремено заштитувајќи ја националната безбедност. 

Патниците од земјите на VWP, а од денес се и државјани на Хрватска, не се обврзани да презентираат конкретен план за патување пред да аплицираат преку ЕСТА.

Барањата за ESTA генерално важат две години.  

Укинувањето на визите е нерешено дипломатско прашање во односите меѓу двете земји речиси 30 години. За влез во безвизниот режим треба да се исполнат голем број предуслови, а последниот што Хрватска требаше да го исполни е помалку од три отсто на одбиените барања за виза.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се последните членки на ЕУ чии визи не беа укинати од САД.