Собранието го измени Законот за заштита на населението од заразни болести

Од денес, Хрватска ќе започне да ги казнува прекршувањата на епидемиолошките мерки, па казната за неправилно носење маски ќе изнесува 500 куни, или 65 евра.

Хрватскиот парламент го измени Законот за заштита на населението од заразни болести, така што сопственикот на приватен имот, доколку организира или дозволи приватно собирање спротивно на одредбите на овој акт, ќе плати казна во износ од 5.000 до 10.000 куни (од 650 до 1.300 евра). .

Правното лице, доколку не се придржува до епидемиолошките мерки, ќе се казни со парична казна од 10.000 до 40.000 куни (1.300 до 5.200 евра), пренесуваат хрватските медиуми.

Глоба од 5.000 до 10.000 куни (650 до 1.300 евра) е пропишана за прекршоци на одговорно лице во правно лице, како и за претприемачи и физички лица кои вршат други независни активности.