После повеќе од еден месец откако Македонија напиша историја и избори пласман на Европското првенство догодина, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сѐ уште размислува за селектор, додека други учесници на континенталниот собир како актуелниот светски вицепрвак Хрватска веќе закажа и – контролни мечеви.

Хрватите не оставаат ништо на случајноста, па за разлика од Македонија, веќе имаат комплетен план и програма за настапот на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули низ Европа, а веќе од март паралелно ќе следуваат и мундијалските квалификации за СП 2022 во Катар. Така „коцкестите“ веќе ги договорија пресметките со Ерменија на 1 јуни во Осиек и со Белгија на 6 јуни во Брисел, пред заминување на континенталниот шампионат.

Досегашниот селектор Игор Ангеловски, кој пет години беше на кормилото е практично бивш, зашто за нецели две недели ќе му истече и формално договорот, а а ФФМ веќе одржа седница на УО на која единствено донесе одлука лекарите да добијат предност за купување на билети за ЕП, иако дури во март ќе се знае дали и колку гледачи евентуално би имало на трибините на шампионатот, поради актуелната пандемија со коронавирус.