Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокот на денешната седница на Владата на Хрватска прогласи катастрофа и потенцираше дека никој нема да остане сам во оваа тешка ситуација што ја снајде земјата.

Беше усвоен и дневниот ред Владата одржа едноминутно молчење во чест на осумте млади луѓе кои ги загубија своите животи во близина на Посусје во БиХ пред неколку дена.

„Денес имаме точки главно поврзани со санирање на последиците од земјотресот. Денеска е точно една недела од првиот земјотрес, и шест дена од разорниот земјотрес 6,2 во кој животот го загубија седум лица. Овој земјотрес предизвика огромна штета на голема површина. Денес ќе ја информираме јавноста за досега сработеното за помош на повредените и нивна санација. “