Во пресрет на натпреварот помеѓу екипите на Барселона и Бенфика во рамки на петото коло од Лигата на Шампионите, во близина на стадионот Ноу Камп се случило голем инцидент.

Според пишувањата на медиумите, хулигани од Хрватска и Португалија заедно нападнале симпатизери на Барселона. Според видеата кои кружат на социјалните мрежи, хаосот го направиле навивачите на Хајдук од Сплит и навивачите на Бенфика, кои заедно кршеле се пред себе. Тие упаднале во кафуле, каде настанала масовна тепачка, но се уште нема подетални информации околу инцидентот.