Шефот на Клиниката за онкологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, Едуард Врдољак, рече дека од почетокот на пандемијата во Хрватска, од корона вирусот починале 203 пациенти, а починале 6.000 лица кои биле болни од рак.

Во исто време, дијагностицирани се 12.285 пациенти со Ковид и 12.300 пациенти со рак, што значи скоро исто.

Неодамна го анализиравме бројот на ново дијагностицирани пациенти со карцином на дојка во Хрватска за време на карантинот и откривме дека во првите две недели од мај, бројот на ново дијагностицирани жени на кои им е извршена биопсија и таа покажала дека имаат карцином е скоро 50 проценти помал отколку во првите две недели од 2019 година. Но вистина е поразлична, а таа е дека имаме постојан пораст на нови пациенти со карцином на дојка и дека тоа сигурно не значи дека тие не заболеле од рак, туку дека не биле дијагностицирани на време. Како резултат на тоа, подоцна ќе ги дијагностицираме туморите, а со тоа ќе имаме и полоши резултати од третманот, рече Врдољак.

На прашањето дали причината е фактот дека луѓето се плашат да дојдат во болниците или пристапот е тежок, поради епидемиолошките мерки, Врдољак рече:

Причините се повеќе, а вие новинарите сте делумно виновни, затоа што ја стававте кризата со Ковид во центарот на вниманието на јавноста, па на луѓето им беше полесно да избегаат од мрачната онколошка вистина. Не е лесно да се оди на онколошки преглед и да се дијагностицира тумор, на луѓето тоа не им се допаѓа. Хрватите се една од нациите што најмалку реагираат на ваквите прегледи за рано откривање на карцином.

Само 20 проценти од пациентите се јавиле на рано откривање на карцином на дебело црево, да речеме 65 проценти на рано откривање на рак на дојка, па лесно е да се каже во овие кризни времиња тоа ќе го оставам за друг пат, рече Врдољак.