Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник В“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.

Во нашата држава освен донациите од Србија, до овој момент нема конкретни понуди кој што се загарантирани. Дали ќе добиеме набрзо вакцини сеуште нема конкретен датум.