Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, исто така бил следен од параполициски структури на СДСМ. Така Арсовски напиша на својот фејсбук профил. По Владимир Нелоски и Христијан Мицкоски, кои биле следени додека се качувале на Водно, но според Нелоски им избегале на следачите бидејќи биле во подобра кондиција, по Рашела Мизрахи која била пресретнувана и фотографирана од луѓе во качулки и луѓе кои со возила и го пресекувале патот, сега бил следен и Димче Арсовски. Како што објавуваат некои медиуми, Арсовски заедно со неговата девојка, која според истите медиуми е со потекло од Струмица, биле запрени вчера околу 22 часот на еден полициски пункт на излезот од Струмица но и двајцата располагале со дозволи да можат да се движат и во време на полициски час. Според Арсовски, потоа имало уште едно запирање од полиција во Штип. Арсовски најави и поднесување кривична пријава до МВР за следење од параполициски структури од СДСМ.

Инаку, Арсовски кој беше дел на партијата Демократска Десница, кога Претседател на таа партија беше Филип Петровски не беше ставен на пратеничките листи на ВМРО ДПМНЕ на одложените избори на 12 април.

Сега се поставува прашањето зошто политичар кој не може да биде ни на недобитно место на листите на ВМРО ДПМНЕ е толку битен да биде следен од параполициски структури на СДСМ, како што пишува на својот фејсбук профил!?

Признавам, бујна фантазија имаат изгубениве од СДСМ 🤣 Прочитав интересна приказна на мактел, кај оној новинарски бард…

Posted by Dimsa Arsovski on Sunday, 7 June 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *