Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас преку инстаграм стори изреагира на случувањата во Париз на дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир.

Голем скандал се случи во Париз откако четвртиот судија расистички навреди член на гостинскиот тим. Фудбалерите се повлекоа и дуелот беше прекинат. 

Случувањата предизвикаа лавина реакции, а се огласи и Елиф Елмас.

Нашиот фудбалер на инстаграм го истакна слоганот на УЕФА „Не за расизмот“.