Кинеската амбасада ги критикуваше патниците кои го фалсификуваа негативниот наод и со тоа „направија голема штета“ на другите и ги нарушија напорите на Кина во борба против епидемијата.

Кинеската амбасада во Москва издаде предупредување откако неколку кинески државјани лажеле дека имаат негативен тест за вирусот корона со цел да се вратат во својата татковина од Русија, пишува весникот Саут Чајна Морнинг Пост.

Русија привремено им забрани на кинеските граѓани да влезат во земјата во февруари, со цел да се запре ширењето на Ковид-19, кое потекнува од Кина. Меѓутоа, откако бројот на пациенти скокна во Русија во април, Кина ја заостри граничната контрола затоа што поголем број случаи беа увезени.

Кинеската амбасада ги критикуваше патниците кои го фалсификуваа негативниот наод и со тоа „направија голема штета“ на другите и ги нарушија напорите на Кина за борба против епидемијата.

Амбасадата изјави дека ќе бидат преземени правни чекори против одговорните, а слично предупредување пристигна на 29 мај.

Кина бара граѓаните да тестираат во рок од пет дена пред летање од Русија кон Кина.

Амбасадата не кажа колку Кинези учествувале во ова и не прецизираат во кои градови се евидентирани овие случаи на „увезена“ инфекција. Исто така, не е утврдено во кои случаи негативните наоди биле всушност позитивни.

Русија инаку има силни политички и воени односи со соседна Кина.


Напишете коментар