Денес на полноќ истекува рокот за договор меѓу двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Нивните лидери, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на вчерашната скоро три часовна средба кај Претседателот на државата, Стево Пендаровски не се договорија за датум за одржување на изборите. Денес на полноќ истекува вонредната ситуација и продолжуваат на течат изборните рокови. Вчера Пендаровски изјави дека нема да ја продолжи вонредната состојба, што ќе рече дека ако нема нов договор меѓу Заев и Мицкоски избори ќе има на 5 јули. ВМРО ДПМНЕ најавува дека ќе ги бојкотира тие избори. Но тука влегуваме во една процедурална замка. И да не учествува на тие избпри на 5 јули ( ако има избори на 5 јули ) на изборното ливче мора да го има името на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, односно и да не учествуваат на изборите граѓаните кои сакаат ќе можат да гласаат за ВМРО ДПМНЕ бидејќи на изборното ливче ќе биде запишана коалицијата предводена од таа партија.

Ние се консултиравме со многу висок функционер на Државната Изборна комисија, близок на опозицијата, и на нашето прашање: Ако има избори на кои ВМРО ДПМНЕ нема да учествува, а имаат доставено листи до ДИК, плус и ждрепката за тоа која партија на кое место на избирачкото ливче ке биде е завршена, дали тоа значи дека на избирачкото ливче ќе мора да го има името на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ без разлика дали таа партија ќе ги бојкотира тие избори? Неговиот одговор беше: Ако има такви избори, да ќе го има!

И гледате како влегуваме од проблем во проблем. И да ги бојкотира изборите Христијан Мицкоски името на ВМРО ДПМНЕ ќе биде на избирачкото ливче и гласачите ќе можат да гласаат за таа партија.

Ќе видиме дали до крајот на денешниот ден сепак ќе има договор и ќе бидат избегнати сите непотребни политички тензии во државата.


One thought on “И МИЦКОСКИ ДА ГИ БОЈКОТИРА ИЗБОРИТЕ, НА ИЗБИРАЧКОТО ЛИВЧЕ ЌЕ БИДЕ ИМЕТО НА КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО ДПМНЕ!”

Напишете коментар