Вчера се навршија 149 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во какви околности денес ние не знаеме со каква емоција да го изговориме неговото име . Дали го изговараме со страв, со почит , или со гордост веројатно зависи од тоа како длабоко го толкуваме тоа во нашите срца. Но сепак едно е јасно дека борбата на нашите претходни генерации што траела со веквови ја заборавивме и лесно поминавме преку тоа .

Гоце Делчев веројатно е најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста. 

И како и тогаш , така и денес се случуваат истите работи. Секогаш патиме од нас . Секогаш сме ние тие што не се почитуваат и што самите се понижуваат. Веројатно кога нема да останат Македонци, тогаш ќе бидеме многу несреќни затоа што нема да има кој да уништуваме и ништиме! До тогаш останува да живее онаа ронка на љубов кон нашата држава која што треба да ја чуваме и пренесуваме од генрација на генерација , зошто само така ќе опстоиме во овие тешки времиња .