Рускиот претседател Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде што шеташе, планинареше и ловеше риба, објави Кремљ.

Кон средината на септември, Путин рече дека ќе мора да помине неколку дена во самоизолација, откако десетици луѓе околу него се заразија со ковид-19.

Тој, исто така, мораше да го откаже патувањето на безбедносниот самит во Таџикистан.

Кремљ објави 20 фотографии на кои Путин стои во река како лови риба, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во чија придружба често е на одмор.

Шеесет и осумгодишниот Путин прими две дози од руската вакцина Спутник 5, а Кремљ објави дека се чувствува добро и здраво.