Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција го промовираше четвртиот сет на економски мерки.

Меѓу мерките се наоѓаат и грантови од 3.000 до 10.000 евра за рестораните за свадби.

„Поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност во вкупна вредност од еден милион евра. Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година“, додаде Зоран Заев.