Во Шведска, која не одлучи да воведе рестриктивни мерки за време на пандемијата на коронарниот вирус, во последните 24 часа се регистрирани 2.820 случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.

Агенцијата навела дека врвот на епидемијата во текот на пролетта бил веројатно многу поголем, но оти тоа било незабележано поради недостаток на тестирање во тоа време, објави Ројтерс.

Здравствената агенција ги заостри препораките за пандемија за три дополнителни региони, вклучувајќи ги и најголемите градови во Шведска, Стокхолм и Гетеборг.

Во земјата се регистрирани седум смртни случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигна 5.934.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколку пати поголема отколку во нејзините нордиски соседи, но е пониска отколку во некои европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.