Состојбата со коронавирусот во Македонија излегува од контрола оценува генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Тој за „Еуроњус Албанија“ зборуваше за од вирусот корона, посочувајќи дека Македонија има повисока стапка на смртност од целиот регион заедно, пренесува порталот „ПаЦенсур“.

Во Македонија, смртноста на 100.000 жители е 5,9, значи повеќе од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно. Заедно да се обединат овие земји, нема да имаат ист морталитет како Македонија, рече Таравари.

Според него, во последните неколку дена, без да заврши првиот бран, продолжи вториот бран на вирусот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *