Lamborghini деновиве е центарот на вниманието на автомобилскиот свет поради несекојдневната вест за повлекување на возила.

Производителите на луксузни спортски возила речиси никогаш и да не повлекуваат возила, но сега, италијанскиот производител е приморан на тоа поради фабричка грешка поврзана со приклучокот на цревата за гориво.

Овој налог го издаде американската NHTSA кој преку соопштение наведе дека од САД ќе бидат повлечени 2.800 примероци од Lamborghini Urus во САД и 487 примероци од истиот тој модел, но од канадскиот пазар.

Повлекувањето е планирано да започне на 18 декември, а целата замена ќе падне во целост на трошок на Lamborghini.