Објавата на турска туристичка агенција која организира тури за вакцинација во Србија се споделува на социјалните мрежи, пишуваат турските портали.

Освен за Србија, ваквите екскурзии се организираат и за Русија, а според медиумите станува збор за измама. Оваа компанија организираше „патување“ во Србија за да се вакцинираат со вакцината Пфајзер, но и со вакцината Модерна, што покажува на можна измама, бидејќи таквата вакцина сè уште не е пристигната во Србија. Исто така е нејасно кога и како тие туристи ќе бидат ревакцинирани.

Една од турнеите се организира за време на Рамазан, осносно од 14 до 16 мај, а цената заедно со вакцинацијата со вакцината на Фајзер е 799 евра.