Западот постепено сфаќа дека се потребни механизми за забрзана регистрација на безбедни лекови во услови на пандемија, изјави генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, коментирајќи ја веста дека Велика Британија, по примерот на Русија, ќе ја регистрира својата вакцина против короната по забрзана процедура.

Постепено, Западот ја разбира потребата од механизми за забрзана регистрација на безбедни и ефикасни лекови во услови на пандемија. Денес британскиот премиер Борис Џонсон зборуваше за намерата да внесат соодветни измени и дополнувања на локалното законодавство, иако пред неколку дена британските медиуми и експерти реагираа крајно негативно на одлуката на руското Министерство за здравство да ја регистрира првата вакцина Спутник V, рече Дмитриев.

Како што рече, регистрацијата на кинеската вакцина против вирусот корона „Синовак“, по забрзаната постапка за употреба во итни случаи, покажува дека многу земји го следат патот по кој тргна Русија по тоа прашање. Тој посочи дека Кина, по примерот на Русија, почнува да ги штити своите наставници и лекари, со вакцинирање на групите со висок ризик.

Тој додаде дека во моментов повеќе од 10 земји кои се партнери на рускиот фонд за директни инвестиции го проучуваат искуството на Русија во забрзаната регистрација на лекови и вакцини против коронавирус, за кои е докажано дека се безбедни и развиени на докажани решенија, како што се хуманите аденовируси, кои се користат во руската вакцина Спутник V.

Ги поздравуваме ваквите аспирации на партнерите и подготвени сме за консултации со сите земји, кои се стремат да ги заштитат своите жители и да започнат економски раст што е можно поскоро, истакна Дмитријев.

Да потсетиме, Министерството за здравство на Русија на 11 август ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од вирусот корона, што ја изработи научниот институт „Гамалеј“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *