Хрватскиот министерот за здравство, Вили Берош, потврди дека 82-годишна жена починала во дом за стари лица во Чаковец, еден ден откако била вакцинирана.

Таа беше вакцинирана на 27 декември, а госпоѓата почина следниот ден поради одредени форми на срцева слабост. Добивме извештај од обдукцијата. По вакцинацијата, таа беше во добра состојба, следното утро сè беше во ред, околу 17 часот нејзината состојба се влоши, ја повикаа брзата помош, но таа почина еден час подоцна, рече Берош.

Земен е брис за ковид-19, а наодот е негативн, а обдукцијата вели дека пациентот починала од срцева слабост, предизвикана од сериозни промени во срцевите садови. Таа страдаше од астма, имаше нарушувања во голтањето, имаше сонда, не можеше да оди сама, рече Берош кој наведе уште некои други дијагнози на починатата жена.

Како што рече, нејзината смрт нема никаква врска со вакцинацијата.

Настанот ќе биде пријавен во ХАЛМЕД и ќе продолжи да се проценува, но Комисијата утврди дека смртта нема никаква врска со вакцинацијата, рече тој.