Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите со Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев

„Ја испраќам пораката да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство. Европски е да се гради пријателство и да се биде храбар“, рече Заев.

Во врска со работата на Комисиите, Заев изјави дека донесено е решение за пет историски личности и три историски периоди, а тоа го потврдила и бугарската страна.

„Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни“, изјави премиерот.