Според севернокорејската Државна комисија за наука и технологија, клиничките испитувања за вакцина се веќе во тек и сега се води дебата за тоа како ќе продолжат со третата фаза, што вклучува тестирање на луѓе, пишува „CNN“.

Се поставува прашањето зошто Северна Кореја, која има еден од најслабите здравствени системи на планетата и која со децении се потпира на помошта од Светската здравствена организација во снабдување со вакцини и имунизација, троши време, пари и ресурси за развој на вакцина против коронавирусот.

Кон ова треба да се додаде и дека Пјонгјанг не призна јавно дека постои позитивен случај на ковид-19 во земјата.

Одговорот не е едноставен, но веројатно станува збор за комбинација од страв од вирусот и обид да се убедат граѓаните на Северна Кореја дека лидерот Ким Џонг Ун повторно ќе се соочи со предизвик и ќе го заштити народот.

Северна Кореја е една од првите држави што сериозно ја сфати заканата од ковид-19, а за тоа има и добра причина – голем број експерти сметаат дека здравствениот систем на државата нема да го издржи ударот на пандемијата.

Многу независни експерти за јавно здравје се сомневаат во тврдењата на Северна Кореја дека нема позитивни случаи на ковид-19.

Сепак, Северна Кореја има можност да го спречи ширењето на кластери, бидејќи може да примени мерки што другите држави побавно би ги прифатиле. Исто така, во земјата доаѓаат мал број на туристи, дипломати и помошни работници.

извор: Плус инфо фото: архива


Напишете коментар