Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата си разменија провокации во финишот од мечот помеѓу Милан и Аталанта, Колумбиецот замери за бројот на пенали кои ги имаат добиено „росонерите“ оваа сезона а Швеѓанецот му одговори во свој стил.

Аталанта синоќа го надигра Милан на Сан Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода. Во финишот од мечот, домаќините бараа пенал, а додека судијата вршеше „тивка“ проверка со ВАР, Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата си разменија провокации.

Колумбиецот замери за бројот на пенали кои ги имаат добиено „росонерите“ оваа сезона и му дофрли на Ибра: „Не можете натпревар без пенал. Го сакаш пеналот број 13?“

Швеѓанецот не остана покус и во свој стил му одговори: „Што зборуваш? Имам постигнато повеќе голови отколку ти што имаше одиграно натпревари“.

Златан Ибрахимовиќ навистина има повеќе погодоци (498) отколку Запата одиграни натпревари (371).