Руските болници, од 11 јуни, ќе можат да ги лекуваат пациентите со нов антивирусен лек, кој е регистриран под името Авифавир, изјави шефот на РДИФ, Кирил Дмитриев. Тој рече дека компанијата која го произведува лекот ќе може да обезбеди лекови за лекување на околу 60.000 луѓе месечно.

Во моментов нема вакцина за ковид 19, болест предизвикана од новиот коронавирус и човечките испитувања на неколку постојни антивирусни лекови допрва треба да покажат ефикасност.

Авифавир, генерички познат како фавипиравир, прв пат бил развиен во доцните 90-ти од јапонска компанија подоцна купена од Фуџифилм.

Шефот на РДИФ, Кирил Дмитриев, рече дека руските научници го измениле лекот за да го подобрат, и рече дека Москва ќе биде подготвена да ги сподели деталите за тие модификации во рок од две недели.

РДИФ, која има 50 отсто учество во производителот на лекови ChemRar, ги финансираше испитувањата со инвестиција тешка околу 300 милиони рубли (4,3 милиони американски долари), рече Дмитриев, кој објасни дека трошоците за Русија биле многу пониски заради претходната развојна работа спроведена во Јапонија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *